ВИДЕО: Блескава партија на Џамал Мареј, со 52 поени ја сруши Индијана!

Кошаркарите на Денвер Нагетс се вратија на победите на гостински терен кај Индијана (120-135) во НБА лигата. Гостинската екипа во „Пејком центарот“ одигра одлично во првиот дел, а потоа го одбрани стекнатото водство за петнаесетто сезонско славје. 

  • Индијана Пејсерс - Денвер Нагетс:

Херој на Нагетси беше Џамал Мареј кој мечот го заврши со огромни 52 поени на своето конто. Тој го засени и Никола Јокиќ кој заврши со 24 поени и 13 асистенции, а кај Пејсерси се истакна Паскал Сиакам со 23. 

Јанис Адетокумбо одигра само три минути во победата на Милвоки дома против Детроит (113-109). Прашање е дали Гркот беше повреден, откако пред само неколку денови се појавија шпекулации за потенцијален трејд. Портер со 26 и Ролинс со 22 поени ги водеа Бакси до победата, а Харис од Пистонси заврши со 20. 

  • Милвоки Бакс - Детроит Пистонс:

На останатите терени победи забележаа Портланд, Сан Антонио, Клиперси, Њујорк, Бруклин, Хјустон и Далас.