Бледото прво полувреме резултираше со нов висок пораз за Македонија на ЕП У20

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години запиша уште еден пораз на Европското првенство во Полска, откако загуби од соодветната селекција на Белгија со конечен резултат 59-86. 

Избраниците на селекторот Боро Смилковски беа уште еднаш убедливо надиграни и ќе ја завршат групната фаза како четвртопласирани, што значи дека во осминафиналето ќе се соочат со силната Словенија, која досега не забележа ниту еден пораз. 

Македонија одигра многу лошо прво полувреме, со шут 1/15 за три поени и 7/20 за два поени, што никако не ветуваше дека би можела да го загрози ривалот. Во второто полувреме видовме нешто подобар пристап од нашите момчиња, но недоволно за да избегнат нов убедлив пораз. 

Симиќ и Бошалески запишаа по 14 поени во нашиот тим, додека зад нив беше Јовановиќ, кој забележа еден поен помалку.