• Саше Љолес
Кошаркарите на Дубаи со победа ја отворија финалната серија во АБА лигата, откако славеа над белградски Партизан со конечен резултат 99-93.
Тимот од Обединетите Арапски Емирати одигра одличен меч и имаше постојано водство, а на паузата замина со предност од девет поени (53-44).
Партизан малку се созема и ја доби во своја полза третата четвртина, но потклекна во последниот период, препуштајќи му го триумфот на мотивираниот ривал. Дубаи имаше во три наврати и +15, со што јасно стави до знаење дека е порасположен од српскиот претставник.
Најдобар поединец во победничкиот состав беше Џанан Муса со 22 поени, а на спротивната страна, два поени помалку имаше Стерлинг Браун. Вториот меч во финалната серија на јадранското натпреварување се игра на шести јуни.

