Блажевски го менува Николов, Кожув во новата година влезе со нов тренер

Влезот во 2022 година донесе нови „ветрови“ во Кожув од Гевгелија. Кошаркарскиот прволигаш се одлучи за тренерска смена, како резултат на потпросечната есен, во која гевгеличани не се квалификуваа за завршниот турнир на Купот, а со овај ритам нема да биде лесно да се изборат ни за Суперлигата.

Легендарниот македонски кошаркар Перо Блажевски е нов предводник на Кожув и наследник на Павле Николов кој ја водеше екипата последната година, по раскинот на соработката со Александар Јончевски.

Блажевски jа заврши својата играчка кариера баш во Гевгелија и еве тренерскиот ангажман пак го носи во градот на југот на Македонија. Во првиот дел од шампионатот Блажевски го водеше МЗТ Скопје Уни Банка

Дебито на Блажевски на кормилото на Кожув предвидено е за две недели против шампионот МЗТ Скопје во Гевгелија.