Блат со отворено писмо откри дека боледува од тешка болест

Дејвид Блат

Легендарниот кошаркарски тренер Дејвид Блат со јавно писмо откри дека боледува од тешка болест.

Американецот на последните прегледи доби лоши вести дека има мултипла склероза.

„Понекогаш животот ви носи работи кои немаат објаснување и причина. Тоа се работите кои го тестираат вашиот караткер. Пред неколку месеци дознав дека имам мултипла склероза (ППМС).

Тоа е болест која има различни форми и која различно делува на секој човек. Одлучив од овој момент да не се откажувам од ништо. Ќе се обидам да го продолжам животот најнормално што можам“, стои во писмото на американскит тренер.

Моментално Блат е тренер на Олимпијакос, каде ќе остане да продолжи да си ја врши својата работа.