Бјоркгрен е наследникот на МекМилан на клупата на Индијана

Продолжува „вртелешката„ на тренери во најсилната кошаркаркарска лига на светот. НБА-лигашот Индијана Пејсерс го именува Нејт Бјоркгрен за нов главен тренер на тимот.

45- годишниот кошаркарски стручњак претходно беше дел од стручниот штаб на Феникс Санс и Торонто Репторс, а во 2019 година стана шампион во НБА лигата, заедно со канадскиот клуб како асистент на тренерот.

Нејт МекMилан доби отказ откако тимот беше поразен во првото коло од плеј-офот во НБА-лигата 2019/20 од Мајами со чисти 4-0.

Новата сезона во НБА лигата почнува на први декември.