Бјелица: Игравме како г*мна, за пет години може да не снема!

Кошаркарите на Србија доживеаја елиминација во финалето на квалификацискиот турнир на Олимписките игри, по поразот од Италија во Белград. Ова е големо разочарување за српската јавност, но и за играчите. Токму затоа, искусниот играч од НБА лигата Немања Бјелица не го криеше разочарувањето и жестоко ја критикуваше својата игра и играта на соиграчите.

„Игравме како г*мна. Со овој став и однесување не можеме да играме добра кошарка. Не сакам да зборувам за притисок, бидејќи ако не дадеш 100% тука, тоа не е добро. Нашето однесување мора да се поправи. Мило ми е што бев дел од тимот, како и пред две години. Сепак, за пет години ќе нè снема ако не смениме нешто. Мораме многу подобро, играњето за репрезентацијата не е шега“, изјави Бјелица. 

Иако имаа одлична екипа предводена од многу ѕвезди, а во тимот го немаше Никола Јокиќ, Србија потфрли и загуби од Италија. „Аѕурите“ имаат квалитетен ростер, но поразот е голем неуспех за Србите кои очекуваа да играат на турнирот во Токио.