Бизарна казна: Кари исклучен откако се налути на соиграч (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс славеа во драмата со Мемфис Гризлис (122-120). На крајот на овој натпревар во „Чејс Центар“, се случи бизарна сцена. 

Имено, првата ѕвезда на „воините“, Стеф Кари, заработи исклучување откако се налути на соиграч. Во еден напад Џордан Пул реши да шутне, а на плејмејкерот не му се допадна таа одлука и остана зачуден. При враќањето во одбрана, Кари луто го извади заштитникот за заби и го фрли крај теренот. 

Судиите веднаш реагираа и го исклучија кошаркарот на Голден Стејт, бидејќи забрането е фрлање на личната опрема за време на натпреварите.