• Иван Димовски

Атланта доживеа елиминација во НБА лигата од Мајами Хит, откако прва плеј-оф серија ја загуби со убедливи 4-1. Иако „јастребите“ славеа на еден дуел, немаа сили за ништо повеќе во пресметките со ривалот од Флорида.
Можеби еден од клучните проблеми на Атланта беше лошата форма на Треј Јанг кој е најдобар поединец на тимот. Плејмејкерот одигра катастрофално во серијата против „жешките“, а за тоа најдобро зборуваат неговите очајни бројки.
Јанг ја заврши серијата со дури триесет технички грешки во петте натпревари. Покрај многуте грешки, кошаркарот на Атланта забележа и бизарен податок. Имено, Јанг ја заврши серијата со повеќе технички грешки отколку погодени шутеви (22).
Иако во регуларниот дел од сезоната Треј Јанг бележеше просек од 28 поени по натпревар, против Мајами не му одеше и истиот падна на 15,4.