ВИДЕО: Бизарна сцена во НБА го налути Дончиќ, им кажа на судиите дека се потплатени

Кошаркарите на Далас Маверикс дома загубија од Голден Стејт Вориорс со 125-127. Сепак, овој клуб има огромна забелешка за арбитражата на мечот. Имено, во третиот период дојде до една бизарна ситуација, ретко видена сцена на кошаркарските терени. 

Во еден момент топката беше доделена на Далас и беше свикан тајм-аут. Сепак, одкулата беше променета, а таа информација не дојде до тимот на Маверикс. Така, тимот се постави за напад, но судиите ја доделија топката на спротивната страна и „воините“ погодија пред небранет кош. 

Поради оваа ситуација, веднаш по натпреварот е поднесена жалба до НБА лигата. Тој момент ги налути играчите на Далас, а еден од најразлутените беше Лука Дончиќ. Поради тоа, во финишот Словенецот по промашен шут кој води во продолжение, сметајќи дека има фаул имаше лоша реакција. Дончиќ покажа кон судиите и практично им кажа дека се потплатени од страна на шампионот. 

За ваквата реакција која се смета како скандалозна, Дончиќ може да драстично казнет за своето однесување.