Бизарна сцена на „Ел Класико“: Муса излезе со лански дрес, судиите го пратија во соблекувална (ВИДЕО)

Реал Мадрид како гостин ја совлада Барселона 90-97 во првото „Ел Класико“ во Евролигата сезонава. 

На стартот на второто полувреме се случи бизарна сцена, поради која Џанан Муса мораше да се врати во соблекувалната по барање на судиите. Босанскиот кошаркар на терен истрча со ланскиот дрес, оној со бројот 31, наместо сегашниот 13 кој го носи. 

Сцената беше збунувачка, дури и самиот Муса некое време не можеше да разбере за што станува збор, а потоа замина да се пресоблече.