• Иван Димовски
НБА лигата го казни крилото на Оклахома Сити Тандер, Јален Вилијамс, со 25.000 долари поради тоа што на прес-конференција се појави со маица на која пишуваше „Fuck art, let’s dance“ – натпис што раководството на лигата го оцени како вулгарен.
Интересно е што натписот може да се толкува на повеќе начини: како повик да се слави животот преку движење и радост, но и како референца на истоимената инди-поп група од Хамбург. Вилијамс не изговори ниту еден непримерен збор по победата над Денвер Нагетс во маестралната седма средба од полуфиналето на Западот, но маицата со натписот илустрирана со луѓе што танцуваат сепак беше доволна за санкција.
Вилијамс, кој во плејофот бележи одлични 19.6 поени, 5.4 скока и 5.7 асистенции по натпревар, е еден од клучните играчи на Тандер заедно со Шеј Гилџuс-Александер.
Оклахома Сити ќе се сретне со Минесота Тимбервулвс во големото финале на Западната конференција.