Битолчани најавуваат исполнета сала за АБА2 дебито во „Боро Чурлевски“

Кошаркарскиот клуб Пелистер денес ги пушти во продажба билетите за премиерниот меч на домашен терен од АБА2 лигата против екипата на Широки од БиХ, историски прв натпревар од регионалното натпреварување што тимот ќе го игра во Битола.

Билетите од денес ќе се продаваат во Тобако Зикс во Битола, а од утре ќе можат да се купат и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“. Цената за билет за овој натпревар изнесува 200 денари, а најверните навивачи ќе имаат можност и да купат сезонски билет за 2024/25, по цена од 2.000 денари.

Натпреварот меѓу Пелистер и Широки Бријег се игра во вторник од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Во последните три сезони Пелистер беше вицешампион на Македонија, а минатата играше и во финалето на Купот.