Бил одби 36,4 милиони за уште една година во Вашингтон и ќе бара нов клуб

Вашингтон Визардси ќе останe без Бредли Бил, кој одлучи да не ја искористи опцијата за продолжување на соработката на уште една сезона. 

Одличниот кошаркар е во потрага по нова средина, сака поамбициозен клуб и битка за висок пласман низ разигрувањето на НБА лигата. Бил во 2019 година парафира соработка во вредност од 72 милиони долари за две години, со опција за уште една за половина од сумата. Сепак, сега реши дека е време за нова авантура. 

Така, Бредли Бил станува еден од многуте кошаркари во „морето“ на слободни агенти ова лето. Покрај досегашниот лидер на Визардси, слободни летово ќе бидат Зек Лавин, Деандре Ејтон, Ејвери Бредли, Серж Ибака, Двајт Хуард, Драмонд, Ентони, Нуркиќ, Андерсон, Паркер...