БиХ прва презеде чекор, ќе биде ли МЗТ пак шампион на Македонија?

Коронавирусот ги прекина речиси сите спортски активности низ Европа, а меѓу нив е и кошарката во Македонија, која чека на расплет околу актуелната ситуација и кога сезоната ќе продолжи.

Ситуацијата во регионот станува алармантна затоа што вирусот почна да се шири, па веќе пристигнаа и првите кошаркарски шампиони од Балканот поради стопирање на лигата.

Босанската кошаркарска федерација реши да ја прогласи Игокеа за првак во машка конкуренција, додека во женска пехарот му припаѓа на ЖКК Бановичи.

БиХ е првата земја во регионот која се реши на ваков потег, а претходно шампиони добија Литванија и Белгија, во името на Жалгирис и Остенде

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) закажа состанок на прволигашите на оваа тема, па не е исклучена можноста МЗТ Скопје повторно да биде шампион на Македонија, иако првенството не е доиграно. Кај дамите, лидер е Бадел 1862.