БИБЛ ги одложи натпреварите на Берое со ТФТ и Куманово

Екипите на ТФТ и Куманово останаа без обврски оваа седмица во БИБЛ лигата, откако поради големиот број заразени кошаркари во редовите на Берое, раководството на лигата донесе одлука да ги одложи натпреварите со македонските претставници. 

Иако според календарот на БИБЛ лигата, во наредните два дена требаше да ги одмерат силите со екипата на Берое, тоа нема да се случи. последните тестирања кај екипата од Стара Загора донесоа голем број позитивни играчи заразени од коронавирусот, што го натера менаџментот на БИБЛ лигата да ги одложи двата претстојни натпревари.

Првиот беше закажан на 4 ноември (среда), кога Берое требаше да игра со екипата на ТФТ, а вториот, ден подоцна, на 5 ноември, кога Куманово требаше да биде домаќин на „зелено-белите“.