БИБЛ-дебакл на Куманово: Пораз од 29 разлика од Берое

По вчерашната победа во Пловдив против Академија, македонскиот претставник во БИБЛ лигата, Куманово претрпе дебакл и загуби од Берое со 105-76 (33-20, 23-14, 32-23, 17-19).

Натпреварот беше кошмар за избраниците на Мирковски и еден од најтешките порази на екипата од Куманово во Балканската лига. Агресивната одбрана на бугарскиот состав  ги принуди кумановчани на технички грешки, процентот на шутот беше ужасен и уште по две четвртини заостанувањето беше 20 поени.

Андрејевиќ беше oдлично чуван, а и клупата на екипата од Стара Загора беше многу подобра, од таа на македонскиот претставник. Во 13. минута, Берое имаше уште повисока предност (38-26) која го натера тренерот на нашата екипа Владимир Мирковски да земе минута одмор. Без некое адекватно подобрување во играта, во двата правци кај нашиот претставник, кој имаше 26% на реализација за три, и нешто подобри 47% за два поени. Освен тоа, рано влегоа во проблеми со личните грешки, брзо го исполнија бонусот. А противникот знеше да го користи тоа, да ја зголеми разликата и на (49-32), каква што беше во 18. минута. А до крајот на првото полувреме Берое да го „покачи“ тоа на уште повисоки (56-34).  

Веќе во средината на третата четвртина кога Берое изгради предност од 25.поени (70:45), потоа уште повисоки (78:49), стана јасно дека кумановци нема што да бараат на оваа средба.

Најефикасни кај „зелените“ од Берое беа Брејди со 18 и Бишоп со 17 поени, а кај Куманово се истакнаа Рос, Глигоријевиќ и Цветковски со по 13 поени. Сега, „сино-белите“ се насочуваат кон домашниот шампионат, каде играат исто така променливо како и во БИБЛ лигата.

Ова беше седмиот натпревар и четвртти пораз за куманочани во оваа конкуренција. Следниот балкански предизвик за нив ќе биде дуелот против екипата на Теодо, закажан за 26 јануари.