БИБЛ 2021: Македонските клубови не остварија успех, доминација на Хапоел

Два македонски клуба учествуваа во минатогодишната сезона од БИБЛ лигата. ТФТ и Куманово ја претставуваа нашата држава во натпреварувањето.

Првата рунда донесе солидни партии на македонските екипи. Тие успеаја да се пласираат во втората фаза, каде и застанаа. Групната фаза на патот до полуфиналето не го поминаа тафталиџани и кумановчани. Двата тима завршија на последното трето место во својата група.

Титулата ја однесе Хапоел Галил од Израел. Академик Пловдив од Бугарија не беше достоен противник во финалната серија. Израелскиот тим во двата меча запиша убедлива победа и се израдува на трофејот.

Куманово беше дисквалификуван од тековната сезона, поради проблеми со исполнување на своите обврски. Шанса за докажување на меѓународната сцена доби Навико ФМП Академија, која има пет порази од исто толку меча.

Во другата група игра ТФТ, кој втора сезона е во натпреварувањето и со три победи атакува на втората фаза.