Беверли ги нападна Јокиќ и Дончиќ: „Тие постојано прават притисок кон судиите“ (ВИДЕО)

Беверли

Патрик Беверли важи за еден од најпргавите кошаркари во денешната НБА лига. Моментално игра во редовите на Лос Анџелес Клиперс кој е еден од главните фаворити за титулата оваа сезона.

Во првото плеј-оф коло, „клиповите“ се справија и го елиминираа Лука Дончиќ и неговиот Далас Маверикс. Словенецот во неколку наврати влезе во конфликт со противниците и беше дел од нетрпеливи моменти кои ја одбележаа серијата.

Дека му пречи начинот на кој што словенечкиот кошаркар игра и се однесува на теренот, покажа последното интервју на Беверли. Тој го „пецна“ сега екс ривалот и го спореди со Никола Јокиќ, сегашниот конкурент на тимот од Лос Анџелес на патот до конференциското финале.

Клиперси победија на третиот натпревар и стигнаа до нова предност од 2-1 во полуфиналната фаза на Западот.