ВИДЕО: Бесниот Јокиќ со пцовки по судиите за неправдата и исклучувањето!

Селекцијата на Србија го забележа првиот пораз на Светското првенство во Кина, а воедно и прв неуспех ова лето, откако во последниот натпревар од групната фаза беше надиграна од Шпанија (81-69).

Избраниците на Александар Ѓорѓевиќ тотално потфрлија на овој меч, а меѓу нив беше и првата ѕвезда Никола Јокиќ. Бледата игра на НБА-асот, кулминираше со искучување на стартот од третиот дел, откако побесна по една судиска неправда. Во директен дуел со Гасол, српскиот центар беше фаулиран, но судијата досуди „мртва топка“. На оваа неправда Јокиќ испрати серија на пцовки, па заработи нова техничка грешка и исклучување. 

  • Моментот кога Јокиќ беше исклучен на мечот со Шпанија: 

За среќа на Јокиќ неговото исклучување беше како резултат на две технички грешки, што значи ќе биде во составот на Србија против Аргентина во четвртфиналето.