Бешикташ доведе НБА- засилување

Американскиот кошаркар Ронде Холис-Џеферсон деновиве ќе стане нов член на Бешикташ. Холис-Џеферсон ја помина претходната сезона со Портланд, кој потпиша договор со него откако Минесота го отпушти.

Поранешниот студент на Универзитетот во Аризона прво потпиша два последователни десетдневни договори со Трејл Блејзерси, пред официјализирањето на соработката, што значеше дека играчот ќе добива ветеранскиот минимум.

Џеферсон одигра само единаесет натпревари, на кои постигна 2,5 поени за речиси десет минути на паркетот. Холис-Џеферсон може да ги покрие повеќе позиции, а во последните две сезони во НБА лигата беше искористен како ниска „четворка“.

Покрај тоа што Портланд го избра од 23-тата позиција на драфтот во 2015 година, тој уште играше за Торонто и Бруклин.