• Иван Димовски
Дејвис Бертанс ова лето беше желба на српски Партизан и гигантот Реал Мадрид, меѓутоа летонскиот кошаркар веројатно ќе продолжи во НБА лигата.
Според најавите од САД, Бертанс почнува да тренира со Голден Стејт Вориорс и големи се шансите по подготовките да потпише договор со оваа франшиза. Тимот на Стив Кер остана без Клеј Томпсон, го доведоа Бади Хилд, а делува дека Летонецот би бил добро засилување.
Во својата НБА кариера Дејвис Бертанс настапуваше за Сан Антонио, Вашингтон, Далас, Оклахома и Шарлот. Ова лето се споменуваше негово враќање во Европа, меѓутоа 31-годишникот ќе продолжи во САД.