Бертомеу за еден глас „преживеал“, Каталонецот останува на чело на Евролигата

Ништо од големи потреси по големи пресврти во Евролигата! Очигледно Жорди Бертомеу ќе остане на местото прв човек на најсилното клупско натпреварување во европската кошарка.

За разрешувањето на долгогодишниот спорт, кој датира од нејзиното основање, мораше да се гласа и да се добие нов претседатело. Шест екипи со А лиценца гласаа за Каталонецот, а пет беа против. Клубовите од Шпанија и Турција: Реал, Барселона, Басконија, Фенербахче и Ефес загубија и сега се обидуваат да најдат „дупка во законот“. Тие сакаат да го воведат Асвел меѓу гласачите, додека правото на глас во Управниот одбор би и било одземено на ЦСКА Москва. Досега ваквите потези претставуваа голем проблем за ЦСКА Москва поради потенцијалните тужби.

Финалната одлука се очекува на 30 јуни. Во новата сезона на Евролигата нема да играат Зенит и ЦСКА, а нивните места ќе ги заземат Партизан и Валенсија