Бен Симонс се враќа по десет месеци и чека деби за Бруклин

Фановите на Бруклин Нетс можени првпат во сезоната ќе го видат Бен Симонс во дресот на својот миленик. 

Симонс пристигна повреден во новиот тим, во зделката и големиот трејд со Џејмс Харден. Сепак, ѕвездата е надвор од терените речиси десет месеци, последен пат играше во јуни минатата година. 

Според најавите од Соединетите Американски Држави, Бен Симонс може да дебитира за Нетс во четвртиот дуел против Бостон Селтикс. Бруклин загуби на двата дуели во Бостон, а се очекува во вториот домашен натпревар ноќта меѓу понеделник и вторник да може да сметаат и на Симонс.