• Иван Димовски
Бен Симонс е во потрага по нов НБА-ангажман, а можноста да го добие во Сакраменто Кингс станува сè пореална. Генералниот менаџер на клубот, Скот Пери, ќе присуствува на негов тренинг на Флорида.
Австралиецот сака гарантиран договор, но поверојатно е прво да добие покана за тренинг-камп и таму да се бори за место во ростерот.
Симонс последен пат играше во НБА во сезоната 2024/25 за Бруклин и Лос Анџелес Клиперс, а минатата сезона ја пропушти поради здравствени проблеми. Сега е здрав и повторно тренира без ограничувања. Поранешниот прв пик на драфтот се надева дека ќе добие нова шанса во најсилната кошаркарска лига, а тренингот пред луѓето од Сакраменто може да биде важен чекор кон тоа.
Во својата НБА кариера Симонс настапуваше најдолго за Филаделфија 76ерс, а потоа беше дел и од Бруклин Нетс и Лос Анџелес Клиперс.
