Белорусија со серија од 15-0 во клучните моменти ја шокира Турција

Кошаркарската репрезентација на Белорусија се избори за големо изненадување на стартот од квалификациите за Мундобаскетот 2023 година, откако во Минск ја совлада селекцијата на Турција со 84-70.

Домаќините до големата победа стигнаа благодарение на фантастичната игра во последната четвртина, во која се изборија за огромни 17 поени предност, со серијата од 15-0 на 107 секунди до крајот, 81-64. Во тој период Турците не постигнаа поен повеќе од четири и пол минути.

Белорусите до двоцифрена предност првпат стигнаа во финишот на првото полувреме (43-32), додека најдобриот период гостите го имаа во првиот дел од последната делница кога се доближија на 66-64. Сепак, финишот на натпреварот целосно им припадна на домашните, а важна улога во тоа имаше центарот Арциом Парахуски, кој врза шест поени во 15-0 серијата.

Најефикасни во победничкиот тим беа Максим Салас со 25 поени, Парахуски додаде 16, а Хауени Белијанку имаше 15 поени. Кај Турција, која што имаше 6/30 за три поени, двоцифрени беа Хазер Шехумс со 17 и Јашар Мухсин со 14 поени.

Најнови вести од
СП квалификации, Европа