• Саше Љолес
Женската кошаркарска репрезентација на Белгија со голем пресврт во финишот ја надигра селекцијата на Шпанија и го освои златниот медал на Европското првенство, триумфирајќи во финалето со конечни 67-65.
Белгија имаше негатива од десет поени во последните шест минути, но успеа да се врати во игра и на крајот заслужено се радува на континенталниот трофеј, иако патот дотаму беше исклучително тежок.
Шпанките имаа мало водство на паузата, потоа влегоа одлично и во последниот период, но тука како да го загубија здивот и потклекнаа пред мотивираниот ривал, кој на крајот успеа по вторпат во својата историја да се искачи на континенталниот трон.
Најефикасна кошаркарка во победничкиот состав беше Џули Алеманд со 19 поени, два помалку додаде Кјара Лискенс, а уште шеснаесет поени постигна Ема Месеман.






