ВИДЕО: Белгиец мислеше дека ќе има лесно забивање, што се случи потоа е чудо

Белгија

Кошаркарите на Белгија запишаа убедлива победа на домашниот дуел против Словачка (102-59) во петтото коло од квалификациите за Мундобаскетот.

На натпреварот беше забележана несекојдневна ситуација. Ретин Обасохан украде топка, тргна сам во што се чинеше рутинска завршница, а потоа се случи чудо. Наместо лесно забивање, топката се одби високо над обрачот, за потоа да се врати на вистинското место, на големо одушевување на навивачите.

Сигурно еден од најбизарните моменти кои некогаш се случиле на кошаркарски терен...