Бек на ЛА Клиперс има коронавирус, нема да игра во Орландо

Лос Анџелес Клиперс нема да може да смета на еден од играчите на завршницата во Орландо, Дизниленд, затоа што последните тестови дале позитивен резултат на коронавирус.

Се работи за 23-годишниот Лендри Шамет, кој ја минува втората сезона во најквалитетната светска кошаркарска лига. Речиси сигурно е дека тој нема да патува на рестартот на НБА, затоа што нема да може да се вклопи во екипата и две недели нема да биде во тренажен процес.

Шамет одигра 47 натпревари за тимот од Лос Анџелес и во просек забележа 9,7 поени, 1,9 скока и 1,9 асистенции по натпревар. ЛА Клиперс важи за еден од фаворитите за тронот заедно со градскиот ривал ЛА Лејкерс.