Батум по пет години заминува од Шарлот, ќе атакува на титула во ЛА

Батум

Французинот Николас Батум ќе ја продолжи кариерата во екипата на Лос Анџелес Лејкерс.

Бекот ќе заигра покрај Каваи Ленард и Пол Џорџ, во обид да стигне до шампионска титула. По пет години тој заминува од редовите на Шарлот Хорнетс и ќе биде опција од резервната клупа за Тајрон Лу.

Изминатата сезона за францускиот кошаркар беше најслаба во неговата кариера во НБА лигата. На 22 натпревари запиша разочарувачки 3,6 поени, 4,5 скока и три асистенции.

Клиперси претходно се ослободија од Монтрези Херел, кој го засили градскиот ривал Лос Анџелес Лејкерс. Во тимот пристигна Серж Ибака од Торонто, а до крајот на преодниот рок би можеле да се ослободат уште од Лу Вилијамс.