• Горан Упале

Кошаркарите на Филаделфија се пласираа во плеј-офот од Источната конференција, додека нивната „жртва“ Мајами (105-104) има можност да ја продолжи сезоната во НБА преку дуел со Чикаго.
Филаделфија беше неубедлива во првите две четвртини, губејќи со 14 разлика, а потоа работите во свои раце ги презедоа Николас Батум и Џоел Ембид. Искусниот Французин со 20 поени и пет скока го трасираше патот кон Њујорк.
На спротивната страна, пак, доброто е што има уште една шанса да ја „испегла“ работата. За тоа ќе му треба уште една добра партија на Тајлер Хиро, кој ноќва беше одличен со 25 поени. Кај Филаделфија, пак, Ембид имаше 23 поени и 15 скока, а Батум покрај 20-те поени забележа уште пет скока.
Атланта беше убедливо поразена од Чикаго Булс во клучниот натпревар од плеј-инот во Источната конференција (116-131).
Така Аталанта ги заврши овосезонските настапи во најсилната лига, а Чикаго ќе се судри со Мајами во последниот филтер во плеј-инот. Победникот од тој дуел ќе му биде противник на Бостон Селтикс.