• Мартин Танасковски

Екипата на ТФТ имаше добар настап на последниот „балон“ во АБА-2 лигата, а тоа донесе и МВП-признание за еден од членовите на тафталиџани.
Трент Батрик имаше одлично издание против Вриједноснице Осијек во рамки на 10. коло во кој постигна 24 поени, 14 скока и со уште три украдени топки и еден блок и индекс-поени 37 за помалку од 30 минути стана играч на рундата.
Батрик е и прво место кај поентерите на колото, пред Протиќ Немања од Златибор со 23 и Владимир Томашевиќ од Сутјеска со 23 поени, а исто така и второ место на листата на скокачи со скок помалку од Емануел Литл.