Батлер го тестира трпението на управата на Мајами, доби нова суспензија

Џими Батлер доби нова суспензија од страна на Мајами Хит, овојпат во времетраење од два натпревари. 

Според најавите од САД, ѕвездата на тимот од Флорида го пропуштила тимскиот лет за мечот против Милвоки, сакајќи да се приклучи на тимот ден подоцна. Поради тоа Мајами реши да го суспендира за натпреварите со Милвоки и Бруклин. 

35-годишниот Батлер имаше „војна“ против раководството на Хит бидејќи сакаше да замине. Сепак, немаше добри опции за трејд среде сезона, а од Мајами му посочија дека нема туку-така да се ослободат од него. 

Откако беше суспендиран поради јавни коментари против Мајами, неодамна Батлер се врати на терените. Играше на последните три натпревари, меѓутоа делува дека не е сè уште не е сè разрешено.