Басконија се засили со одличен плејмејкер кој „газеше“ во Еврокупот

Шпанскиот евролигаш, Басконија, се засили со нов плејмејкер кој доаѓа од редовите на италијанскиот Тренто. Се работи за 26-годишниот Камар Болдвин, кој оствари одличен учинок во Еврокупот и просечно бележеше 15,2 поени и 4,5 асистенции. 

Болдвин во кариерата играше за Турк Телеком, Гетинген и Тренто, а во Соединетите Американски Држави настапуваше во Џи-лигата за тимот на Мајн Селтикс. 

Американецот добива двегодишен договор во Басконија и ова за него ќе биде прва авантура во Евролигата.