Басконија се раздели со ветеранот Марселињо Хуертас 

Еден од најмаркантните кошаркари во шпанската Ендеса лига во последните десетина години, Бразилецот Марселињо Хуертас вторпат ќе ја напушти Басконија и во 36-та година од животот ќе побара нов предизвик.

Плејмејкерот доби понуда за продолжување на договорот, но не ја прифати и во сезоната 2019/20 ќе настапува за друг клуб, веројатно надвор од Шпанија. Бразилецот кариерата ја започна во Сао Паоло, а во Шпанија блесна за Хувентуд. Потоа го носеше дресот на Барселона, Билбао и во два наврати Басконија.

Надвор од Шпанија, Марселињо кратко го носеше дресот на Фортитудо во Италија и Лос Анџелес Лејкерс во НБА лигата.