Басконија падна во Монако, Мајк Џејмс испиша историја во Евролигата

Кошаркарите на Монако ја совладаа Басконија со 92-84 во 25. коло од Евролигата и останаа на врвот на табелата во елитното натпреварување.

Ова беше трета последователна победа за тимот на Василис Спанулис, која, како и многупати досега, ја одбележа Мајк Џејмс, овојпат со 19 поени и 6 асистенции. По оваа партија Џејмс ќе остане запаметен во европската кошаркарска елита, како првиот играч во историјата на Евролигата кој постигнал над 5.000 поени.

Неговите врзани поени му помогнаа на Монако да влезе во клучна серија кон крајот на натпреварот, а покрај Американецот одличен кај победничкиот тим беа и Диало со 15 и  и Стразел и Папајанис со по 12 поени. 

Кај гостите Трент Форест беше на висина на задачата со 15 поени, 5 асистенции и 5 скока, а солиден учинок имаше и Хол со 13 поени и 7 скока.