Басконија откажа пријателски натпревар бидејќи нема доволно кошаркари!

Шпанскиот евролигаш Басконија го откажа својот прв подготвителен натпревар против екипата на Гипузкоа бидејќи во моментов нема доволно расположливи кошаркари за игра. Тренерот Паоло Галбијати се соочи со празна соблекувална поради комбинација на репрезентативни обврски и трансфер пазарот.

Главните причини за долгиот список на отсутни во клубот од Виторија се:заминување во НБА лигата на центарот Калифа Диоп. Тој доби дозвола од клубот да замине во САД на медицински прегледи пред потенцијален трансфер во Кливленд Кавалирс. Кошаркарите Коби Симонс и Дамион Бо беа отсутни поради настапи за своите национални тимови.

Искусниот ветеран Кенет Фарид, кој е најновото звучно засилување, сè уште не допатувал во клубот за да се приклучи на тренинзите. Поради ова, раководството на тимот ќе мора итно да реагира на пазарот за да донесе дополнителни играчи пред почетокот на официјалната сезона.