Басконија ја реши Болоња и закажа четвртфинале со Реал во Евролигата

Екипата на Басконија е последниот патник во четвртфиналето во Евролигата, откако пред својата публика со убедливи 89-77 совладана беше Виртус Болоња. 

Шпанскиот тим лигашкиот дел од натпреварувањето го заврши на осмото место и во првото коло од плеј-инот беше убедливо поразен од Макаби во белградска „Штарк Арена“, додека италијанскиот гигант направи мало изненадување со триумфот во Истанбул против Надолу Ефес во дуелот на екипите кои завршија на деветтото и десеттото место.

Поради горенаведените резултати Виртус ја имаше улогата на фаворит на оваа средба, но Басконија одигра неверојатна трета четвртина и заслужено патува меѓу најдобрите во Евролигата. Првите две четвртини беа целосно израмнети, додека по полувремето на паркетот како да истрча друга Басконија, полна со самодоверба и беше супер-ефикасна. Третата четвртина заврши со 31-16 за шпанскиот тим на Душко Ивановиќ, предност  која што беше недостижна за Виртус во последните десет минути. 

Најдобар поединец на паркетот беше Хауард со 28 поени, додека за поразениот тим најпрецизен беше Хакет со 13 поени. Басконија во четвртфиналето ќе се сретне со бранителот на титулата Реал Мадрид.