ВИДЕО: Басконија ја изненади Барселона и слави четврти трофеј во Шпанија

Кошаркарите на Басконија ја освоија шампионската титула во Ендеса лигата, со триумфот над Барселона од 67-69, во финалето одиграно во салата „Ла Фонета“ во Валенсија. Натпреварот за трофејот мина целосно изедначено, а двете екипи имаа свои минути па неизвесноста траеше до самиот крај.  

  • Извештај од натпреварот: 

Дуелот стартуваше со многу израмнувања и промени во водството. Барселона одигра подобро во вторите десет минути и обезбеди пристојна предност од +9.,Сепак, Басконија успеа да ги консолидира своите редови и заигра подобро по паузата. 

Последниот период од натпреварот беше вистинска драма, каде двата тима не сакаа да се предадат без борба. Најдобро за тоа зборува фактот дека највисока предност во финишот беше +4, кои Басконија ги имаше во два наврати. 

Неколкуте прецизни удари за три поени екипата од Виторија Гастеиц ја одржуваше минималната предност. Кулминацијата на вечерта беше израмнувањето до кое „блауграна“ стигна на десет секунди. Басконија одново го зададе својот удар и со добра акција стигна до ново водство, што се испостави како шампионски потег, бидејќи Барса не погоди во последниот напад. 

  • Решавачките поени за Басконија: 

За Басконија ова е четврта титула во шпанската Ендеса, а прва по пауза од десет години, со што и официјално е прекината серијата на Реал Мадрид

Лукас Вилдоза се закити со титулата МВП на финалето, откако вечерва уфрли 17 поени и беше најдобар поединец на шампионот. Кај Барса, Томас Ертел беше најпрецизен и постигна 21 поен.