Басконија и Алба по продолженија до славја против Партизан и Милано

Кошаркарите на Басконија, Алба Берлин и АСВЕЛ запишаа победи во вечерните натпревари од втората рунда на Евролигата. 

Српскиот претставник одигра одличен прв дел, беше во игра за победата и водеше во завршницата, меѓутоа Басконија по продолжението триумфираше со 103-96. Партизан отвори многу добро, имаше и предност од девет поени и се одржуваше во предност до средината на втората четвртина. Басконија направи пресврт и на пауза замина со 46-42, водеше во текот на третиот период, пред Партизан да се врати и диктира темпо до крајот. Белграѓани беа пред победа, но Хауард со тројка во последната секунда го одведе натпреварот во продолжение. Сепак, Србите попуштија во продолжението, кое шпанскиот тим го реши со 14-7 и дојде до триумф. 

Најдобар кај победниците беше Хауард до 33 поени, од кои осум тројки на мечот. Во редовите на Партизан се издвоија Кевин Пантер со 26 и Лесорт со 19 поени.

Изненадување приреди Алба Берлин на гости кај Олимпија Милано (74-80). Германците тргнаа фуриозно, поведоа двоцифрено, а „манекените“ бркаа негатива во текот на целиот натпревар. Сепак, Милано во финишот избори продолжение, кое на крајот го загуби и го запиша првиот евролигашки пораз. 

Во тесен натпревар екипата на АСВЕЛ славеше против Валенсија (76-77) во последниот вечерен натпревар.