Басконија доведе големо засилување со НБА искуство

Кошаркарскиот клуб Басконија заврши уште едно засилување по Камара Болдвин. 

Во таборот на шпанскиот евролигаш од следната сезона ќе настапува Тимоти Луваву Кабарот. Станува збор за француски бек кој доаѓа од редовите на Свел. Минатата сезона во Евролигата тој играше со просек од 13 поени и се очекува да биде солидна адиција за шпанскиот претставник. 

Освен во Асвел, Луваву во Евролигата натапуваше за Олимпија Милано, а претходно мина низ повеќе НБА франшизи. Во најсилната лига на светот Луваву беше дел од Филалдефија, Оклахома, Чикаго, Бруклин и Атланта, а одигра вкупно 328 натпревари.

Со репрезентацијата на Франција тој има две сребра од Олимписките игри и Евробаскетот.