Баскеташите на Србија се први полуфиналисти во Токио

Србија

Баскет репрезентацијата на Србија е првиот полуфиналист на олимпискиот турнир во Токио.

Еден од големите фаворити за највисок пласман успеа да слави во директниот дуел со Летонија (22-16) и ја запиша четвртата победа на исто толку натпревари.

Клучен играч во триумфот беше Дејан Мајсторовиќ со неговите две двојки во завршницата. Србите постојано бркаа негатива, но во завршницата стигнаа до голема победа и место меѓу најдобрите четири.

На првиот меч од денешната програма, српската репрезентација убедливо го надигра домаќинот Јапонија (22-11).