Баскет Кам во три натпревари го детронизира Бадел 1862!

Кошаркарките на Баскет Кам вторпат во историјата станаа шампионки на Македонија, откако го добија и третиот натпревар во серијата против Бадел 1862. Првата пресметка во Скопје не му помогна на ланскиот првак, кој и дома го положи оружјето и загуби со 59-68. 

Пресметката во скопската сала „Независна Македонија“ во Кисела Вода понуди израмнето надигрување, во кое и „баделки“ имаа свои моменти. Во првиот дел домаќинот беше во пол позиција, имаше и највисока предност од 33-20, меѓутоа не успеа да ја задржи и потклекна во продолжението. 

Најрасположената Елена Тасевска која е и МВП на финалето, вечерва уфрли пет тројки и вкупно 22 поени. Таа беше клучен фактор кој го поведе тимот од Македонска Каменица до третата победа во серијата. 

Претходно на домашните дуели Баскет Кам славеше во првиот меч најубедлив со неверојатни 71-38, па потоа во вториот дуел со 62-53, за вечерва во Скопје да го обезбеди трофејот. Така, по пауза од една година девојките од Македонска Каменица пак се првенки во Македонија.