• Зоран Мишевски

Кошаркарките на Баскет кам ја запишаа првата победа во новата сезона, откако синиќа беа подобар противник од екипата на МЗТ Бела вода и славеа на гостински терен со 53-69.
Актуелниот првак имаше одличен вовед во натпреварот, односно минути во кои рано обезбеди и висока предност, која по десет минути изнесуваше 14 поени (7-21). Не застанаа избраничките на тренерот Тони Симиќ, напротив, и во втората четвртина настојуваа таа разлика да ја направат и недостижна за младиот состав на МЗТ Бела вода. На полувремето фаворитот веќе имаше големи (21-43).
Во продлжението Симиќ се обидуваше да им даде шанса и на кошаркарките од клупата за резерви како Дојчинова, Хафналуи и Божинова. Сепак, на крајот од мечот, во преден план „излегоа“ 28.поени и 8.скока на Димова, двојниот ефект на Поп Димитровска од 10.поени и 10.скока (плус и две асистенции), како и 26 скока колку што комплритраа Кметовска и Адамовска.
Кај МЗТ Бела вода, малку поинакав распределба на поените. Најмногу, 13, даде најновото засилување од САД, Корли, Мариновска даде 12, Димовска имаше 11, а Алексова уште 10 поени.