• Мартин Танасковски

Екипата на Баскет Кам прва зададе удар во финалната серија и успеа да слави со 66-47 во првиот меч од финалето кај дамите против екипата на Крива Паланка.
Имаа сосема солидно, според развојот на настаните, водство од 23-17 домашните кошаркарки. Но, во последните минути од вториот период гостинките возвратија. Со своја серија од 11-5, го донесоа првиот меч од финалето до егал 28-28, како што беше резултатот на полувремето.
Во 29. минута од финалето, Баскет Кам дојде од највисоката предност, поведе со 48-40. Уште еднаш се заканија гостинките на почетокот на последната четвртина, намалија на 51-47. Но, од тој момент тргна серија на Баскет Кам од 15-0, по која актуелниот првак дојде големи и недостижни 66-47.
Кметовска го предводеше победничкиот тим со 27 поени, а одлича игра презентираше и Димова, која заврши со 24 поени, додека Максимовска помогна со уште осум. Во гостинската екипа, Робинсон реализираше 13 поени, Меклејни имаше 12, а Ѓоргиевска 10 поени.