Баскет Кам се врати на лидерското место во Првата лига кај дамите

Резултатите реализирани во 13.коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига му одат во прилог на тимот кој ја брани титулата, Баскет кам.

Составот од Македонска Каменица, славеше очекувана победа на гостувањето во Делчево. Екипата со која го делеа првото место Крива Паланка загуби на гостувањето кај Бадел 1862, а пораз запиша и Вардар на гостински терен во Кавадарци, каде подобра од нив беше екипата на Пробаскет.

  • 13. коло:

Бадел 1862 - Крива Паланка 66-52
Спорт Тим - МЗТ Бела Вода 59-75
Пробаскет - Вардар 83-79
Патриот - Баскет Кам 66-86

На табелата Баскет Кам е лидер со 11 победи и два порази, чекор зад нив е Крива Паланка со скор 10-3, а третопласиран е Вардар со 9-4.

Во следната рунда Баскет Кам е домаќин на Пробаскет, МЗТ го дочекува Патриот, Вардар ќе се судри со Бадел, а Кривал Паланка ќе го пречека Спорт Тим.