• Зоран Мишевски

Едно поливреме им беше потребно на кошаркарите на Баскет кам од Македонска каменица да го го скршат отпорот на Спорт тим од Неготино, за нов триумф, четвртти по ред (68-47).
Кошаркарките на Баскет кам одиграа колку што тоа беше потребно да се запише уште една победа во првата фаза од првенството. Одлична партија прикажа Адамовска, која на 21 поен (9/14 реализација во шутот од поле), додаде и 11 скока, а имаше и пет додавања. Двоен скор од 12 поени и 12 скока имаше и Кметовска, сличен беше и ефектот на Максимовска (11 поени, 10 скока и 5 асистенции), додека Поп-Димитровска заврши со 11 поени. Во редовите на Спорт тим, во преден план беше странскиот двоец Лукиќ-Веселиновиќ кои искомбинираа 30 од крајните 47 поени.
Својот натпревар од ова 4.коло, екипите на Патриот 2016 и Бадел 1862 ќе го одиграат попладнево од 14:00 часот, во салата „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево.
В недела, освен дерби дуелот во Крива Паланка каде гостува Вардар, се игра уште еден натпревар. Во салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе се сретнат екипите на Пробаскет и МЗТ Бела вода.