Баскет Кам по две години се враќа на меѓународната сцена

Македонскиот женски кошаркарски клуб Баскет Кам во новата сезона ќе игра на меѓународната сцена по пауза од две години.

Баскет Кам ќе биде дел од новоформираната женска Балканска кошаркарска лига (ББВЛ) во која ќе игра во група со Леотар од БиХ, Херцег Нови од Црна Гора и Раднички од Србија. Клубот од Македонска Каменица во новата сезона ќе го води Жаклина Стојановска.

Околу засилувањата, Баскет Кам ја донесе искусната Ивана Кметовска и таа засега е единственото засилување во македонскиот клуб.