Баскет кам пак подобар од Крива Паланка, титулата на пат за Македонска Каменица

Кошаркарките на Баскет кам направија уште еден, втор по ред, чекор во одбрана на шампионската титула. По вторпат во рок од неколку дена беа подобри од својот предизвикувач во финалето на плеј-офот, екипата на Крива Паланка (87-74).

За разлика од премиерниот меч во оваа финална серија, на овој, двете екипи прикажаа доста ефикасна игра. Особено тоа се однесува на првото полувреме, кое домашната екипа го доби со резултат 55-44. На гостинките од Крива Паланка им припадна третиот дел од играта кој го решија во своја кориост со 16-11 и си ги зголемија своите шанси за изненадуавње на гостувањето во Македонска Каменица.

Во последниот период се влезе со резултат 66-60. Но веќе по четири минути од играта во четвртата четвртина Баскет кам одново се одвои на двоцифрена разлика и поведе со 73-62. Оваа предност ја претворија во уште една победа, втора во двата натпревари на домашен терен. 

Ново блескаво офанзивно издание имаше Ивана Кметовска, која реализираше 33.поени за Баскет кам. Адамовска додаде 19, одлична беше и Максимовска која додаде 17, додека Димова запиша 14 поени. Робинсон беше стрелец на 26 поени за Крива Паланка, Мејклејни ја следеше со 20, а Ѓеоргиевска постигна 15.поени.

Нов првак на Македонија ќе биде екипата која прва ќе дојде до три победи во финалната серија.