• Мартин Танасковски
Екипата на Баскет Кам обезбеди место во финалето во женскиот македонски кошаркарски шампионат каде е бранител на тронот.
Баскет Кам во третиот натпревар славеше над Крива Паланка со резултат 80-53. Фаворитот не дозволи изненадување во третиот натпревар и ги доби сите четвртини, за пласман во големото финале (17-9, 18-16, 24-17, 21-11).
Кај победникот Димова постигна 24 поени, Зубац ја следеше со 16, Кметовска со 14, додека Максимовска придонесе во овој втор успех на бранителот на титулата со реализација на 12. поени.
Кај Крива Паланка, Американката Мазук реализираше 17.поени, Алексовска даде 13, но недостасуваа поените на МекКала која собра седум поени, како и на Хавкинс која даде само осум.
Во мечот за титула, Баскет Кам ќе се соочи со екипата на Вардар. И финалната серија се игра на две добиени.